Утрински Весник
Македонија

МТСП обезбедува документи за идентификација на бездомните лица за претстојниот попис

МТСП обезбедува документи за идентификација на бездомните лица за претстојниот попис

За лицата без лични документи и за бездомните лица Министерството за труд и социјална политика реализира постапки за обезбедување документи за нивна идентификација, преку системот на Центрите за социјални работи, со што ќе можат да се обезбедат податоци за нивно лоцирање и за евидентирање за потребите на претстојната пописна акција. Тоа го посочи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на денешната средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на која се разговaрaло за претстојниот попис на населението на РСМ и за потребата од  меѓусебна соработка во делот на попишување на бездомните лица.

Симовски истакнал дека институциите се подготвени и пописот ќе биде спроведен со употреба на најмодерни алатки и технологии, согласно меѓународните стандарди и критериуми на Евростат. Истовремено ќе се попишува на терен, преку директно интервју со лица, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци, информираа од МТСП.

 

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка

Мицкоски дел од Самитот на ЕПП: Европа пред економски и безбедносни предизвици