Утрински Весник
Македонија

МТСП: Обезбедени 658 пакети храна за жртви на семејно насилство

МТСП: Обезбедени 658 пакети храна за жртви на семејно насилство

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбеди 658 пакети со храна како итен одговор и поддршка за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од КОВИД-19. Поддршката е наменета за 329 регистрирани жртви на семејно насилство. За нив во мај и јуни се обезбедени пакети со храна.

Дистрибуцијата се врши преку Републичкиот Црвен Крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.

-Глобалната пандемијата на КОВИД 19 отвори многу прашања на општественото живеење, меѓу кои неизбежно е прашањето за влијанието и последиците од пандемијата врз жените и мажите, особено влијанието и последиците од пандемијата врз жените жртви на семејно насилство. Министерството за труд и социјална политика во околностите предизвикани од глобалната пандемија посветено и сериозно пристапува кон поддршката и помошта на најранливите граѓани на нашата држава, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Сериозните закани од КОВИД-19, велат од Министерството, бараат континуиран одговор за да се  пресретнат потребите на граѓаните вклучени во системот на социјална заштита и да им помогнат  полесно да се справат со сите предизвици.

Изразуваме благодарност до нашите меѓународни партнери за поддршката што ја добиваме од нив да помогнеме и да допреме до секој граѓанин кому му е потребна помош. сст/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја