Утрински Весник
Македонија

МТСП: Корисниците на семејна пензија до крајот на месецов да достават потврди

МТСП: Корисниците на семејна пензија до крајот на месецов да достават потврди

Министерството за труд и социјална политика ги известува, а воедно и ги повикува сите ученици и студенти корисници на семејна пензија, заклучно со 30 ноември 2020 година, да достават соодветна потврда до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со која ќе го докажат својот статус на ученик, односно студент, врз основа на која се продолжува исплатата на семејната пензија.

„Поради ситуацијата со пандемијата Ковид-19 и започнувањето на школската/академската година еден месец подоцна, односно од октомври 2020 година, како и поради спроведувањето на онлајн настава, голем број деца корисници на семејна пензија сè уште ја немаат доставено потребната потврда која се издава од соодветна образовна институција.

За надминување на настанатата состојба Министерство за труд и социјална политика му предложи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да го продолжи рокот за еден месец, односно до 30 ноември 2020 година, за доставување на потврдите од страна на ученици и студенти корисници на семејни пензии, со цел да не бидат исклучени од исплата на пензии за октомври 2020 година“, соопшти МТСП.

Министерството за труд и социјална политика повикува во процесот на подигнување на потврдите од образовните институции и при нивното доставување до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да бидат почитувани мерките за заштита од вирусот Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор