Утрински Весник
Македонија

МПЦ-ОА: Да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот

МПЦ-ОА: Да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија  упати апел до верниците за почитување на мерките за заштита и превенција пропишани од Министерството за здравство и Светската здравствена организација, по масовното ширење на коронавирусот Ковид -19 и прогласената пандемија.

– Во оваа смисла апелираме во парохиските храмови и во манастирите на МПЦ – ОА во кои има редовни посети и континуиран богослужбен живот, да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената.

Повикуваме на сострадална љубов и изразување добродетелност на сите оние кои ќе се најдат во борба со оваа болест, најпрво молитвено застапувајќи се пред Бога за нивното здравје и покажувајќи секаква друга можна грижа.

Надевајќи се на Животодавецот Христос, МПЦ – ОА ја чува вековната вера во светоста на тајните на црквата и својот древен, но секогаш актуелен еклисиолошки став за Лекот на бесмртноста – Св. Причест.

Истовремено потсетуваме дека треба да бидеме силно посветени на борбата со причинителот на болестите и страдањата – отуѓеноста од Бога. Нашата вера е вера во Воскреснатиот Христос, победителот на распадливоста и смртта и Лекарот на нашите души и тела, се наведува во соопштението од Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал