Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МО го ограничува бројот на средби со странки за заштита од корона вирусот

Реакција од Министерството за одбрана на изјавата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ
Img 7972

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Министерството за одбрана донесе одлука да го сведе бројот на средби со странки на минимум, поради што го ограничува бројот на средби со странки, а комуникацијата ќе се одвива телефонски, преку меил или со видео конференциска врска.

Одлуката, како што информираат од Министерството за одбрана, е донесена за да се елиминира секоја можност од ширење на корона вирусот.

Сите што имаат потреба за контакт со Министерството за одбрана, тоа можат да го направат на следните меил адреси и телефонски броеви:

dragan.karulovski@mod.gov.mk  02 328-2539

besim.hasalari@mod.gov.mk  02 328-2535

Доколку е неопходно да се одржи состанок со странки за да тече непречено работата на министерството, состанокот ќе биде организиран преку видео-конференциска врска, информираат од Министерството за одбрана.

Од министерството апелираат до сите соработници да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе владата и да сториме се да го спречиме ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму