Утрински Весник
Македонија

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Триангла

На 22.08.2022 вo 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „Благоја Стефковски“ со ул.„Методија Андонов Ченто“, на место викано „Триангла“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ј.(36) од с. Трубарево, скопско и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(48) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Пожар во центарот на Скопје, интервенираат пожарникарите

Ласовска: Ако СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го каже, а не да ги блокира реформите  

Реџеп Исмаил за медиумското ембарго за Левица: Што е следно – забрана за избори или затвор?