Утрински Весник
Македонија

Мотоциклист прегази пешак во Скопје, двајцата се тешко повредени

Скопјанец со мотор удрил во две паркирани возила, со тешки повреди е пренесен во болница

Мотоциклист и пешак, двајцата помлади од 25 години, со тешки телесни повреди завршија во болница по сообраќајна несреќа.

Според информациите од полицијата,  несреќата се случила вчера на булеварот „Алексаднар Македонски“ во Скопје, кај клучката „Дијамант“.

„Мотоцикл „бмв“, без регистарски ознаки, управуван од А.Л.(24) од Скопје, удрил во пешак С.С.(19) од селото Тромеѓа, Кумановско“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на несреќата.

Можете да прочитате

Денеска нови претреси во објекти за марихуана поврзани со големата заплена во Србија

Расчистени девет случаи на измама со лажни сообраќајки, охриѓанец жртвите ги оштетил за 60.000 евра

Падна измамникот со лажни сообраќајни несреќи, штета од 3,6 милиони денари