Утрински Весник
Македонија

Мотор удри во жена на улица во Битола

Мотор удри во жена на улица во Битола

Седумдесет и четиригодишна жена која пешачела на улицата Партизанска во Битола, вчера била прегазена од мотор.

„Мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Битола удрил во пешакот В.Н.(74) од Битола. Во незгодата В.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

МВР поднесе кривична пријава против Ромите кои го блокираа патот во Битола

Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Полициски претрес: Најдени оружје, муниција и марихуана, уапсени четири лица