Утрински Весник
Македонија

Москва ја поздрави одлуката на СПЦ за одобрување на канонското единство со МПЦ

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква да го обнови канонското општење со Македонската црква.

„Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската сестринска црква да ја обнови канонската заедница со Македонската православна црква, Охридската архиепископија“, рече Балашов, истакнувајќи дека тоа претставува „надминување на полувенковниот црковен раскол“.

Претходно, Светиот архиерејски синод на СПЦ излезе со соопштение за „Македонската православна црква – Охридска архиепископија“, во кое го признава канонскиот статус на МПЦ и најави повторно воспоставување на литургиско општење со неа.

Воедно, се забележува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ, раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво согласно канонските и црковните норми и принципи „без геополитички и црковнополитички“ пристап.

„Српската православна црква претходно не го призна делот што се отцепи од неа во Северна Македонија, наречен ‘Македонска православна црква’, кој како таков беше признаен од македонските власти и од Вселенската патријаршија“, пишуваат српските медиуми.

Во оваа насока, секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук, рече дека Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија.

Можете да прочитате

Продор на посвеж воздух од север и ново силно невреме доаѓаат во Македонија!

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети