Москва му порача на Брисел дека Русија може да и обезбеди на Европската Унија 100 милиони дози на „спутник В“, за вакцинирање на 50 милиони жители на Унијата.
Рускиот инвестициски фонд, кој стои зад производството и дистрибуцијата на руската вакцина „спутник V“, објави дека може да обезбеди 100 милиони дози од таа вакцина на ЕУ во текот на следниот квартал од оваа година“, беше наведено на официјалниот твитер-профил на „спутник В“.
After completion of the main part of mass vaccination in Russia, RDIF can provide EU with 100 mln doses of #SputnikV vaccine for 50 mln people in Q2 2021 (subject to EMA approval). Sputnik V is registered in 15 countries and documents have been submitted for EMA rolling review. pic.twitter.com/27Ncwns24n
— Sputnik V (@sputnikvaccine) January 29, 2021
„Спутник В“ е прва регистрирана вакцина против коронавирус во светот, а таа постапка е завршена во август 2020 година. Компанијата што ја произведува, како и руските регулаторни тела, изјавија дека има заштита до 90 проценти.
Бидејќи ЕУ е во голема неволја кога станува збор за планираната имунизација на жителите поради неиспорачување на порачаните вакцини од компанијата „Астра зенека“, поради што Брисел и раководството на таа фармацевтска компанија се во војна со денови, ЕУ сега може да ја спаси Русија.