Утрински Весник
Свет
Img 7972

Москва: Околу илјада луѓе се заразиле по вакцинирањето

Москва: Околу илјада луѓе се заразиле по вакцинирањето
300x250 opst2

Службата за односи со јавност на дирекцијата за социјален развој на градот Москва објави дека околу илјада лица се заразиле со коронавирус откако биле вакцинирани со две дози на вакцина.

Руските агенции известуваат дека меѓу лицата кои се заразиле по вакцинирањето, 76% имале лесни или асимптоматски форми на Ковид-19.

Во соопштението се потсетува дека процесот за развој на имунитет по вакцинирањето варира од личност до личност, затоа на граѓаните кои биле вакцинирани им се препорачува да ги почитуваат и строго да ги спроведуваат ограничувачките мерки.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД