Утрински Весник
Свет

Москва е подготвена да посредува помеѓу Кипар и Турција

Лавров: Односите со Турција нема да влијаат на руско-кипарскиот дијалог

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Кипар изјави дека Москва е подготвена да помогне во посредување во разговорите за истражување на гас и нафта на истокот на Медитеранот, што предизвика напнатост помеѓу Грција и Турција.

„Ние сме подготвени да промовираме дијалог, прагматично заснован на заеднички интереси и во потрага по одлуки што ќе бидат фер и засновани на меѓународното право“, рече Лавров на состанокот со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес во Никозија, објави „Ројтерс“.

Русија ги смета за неприфатливи сите чекори што можат да доведат до натамошна ескалација на напнатоста на истокот на Медитеранот, додаде Лавров подоцна на прес-конференција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет

Затворени аеродромите во Москва поради напади со дронови

Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна