Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Москва го информира Вашингтон за ограничувањата на дипломатските службеници во услови на билатерална криза

Москва го информира Вашингтон за ограничувањата на дипломатските службеници во услови на билатерална криза
300x250 opst2

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, го известил Бартл Горман, заменик шефот на мисијата во Американската амбасада во Москва, за промените во постапката за влез на американските дипломатски службеници, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува „Спутник“.

„Москва ги информираше САД за следните чекори што ги презема Русија за да се справи со непријателските активности на Америка. На 26 април, рускиот заменик министер за надворешни работи Рјабков одржа состанок со американскиот вршител на должноста амбасадор во Руската Федерација. Тие разговараа за некои итни билатерални прашања“, се вели во официјалното соопштение.

Според министерството, Горман добил нота во која се објаснети промените во тековните процедури за патување на американските дипломати во Русија.

Односите меѓу двете земји се соочуваат со криза, а американскиот амбасадор во Русиј, Џон Саливан, се врати во Вашингтон на консултации.

Тензиите се зголемуваат бидејќи претседателот Џо Бајден наложи санкции против неколку руски физички лица и ентитети. Американската администрација, исто така, им забрани на американските банки и фондови да купуваат руски државни обврзници за време на првичните понуди откако Вашингтон ја обвини Москва за мешање во изборите во 2020 година и за извршување хакерски активности, што Русите постојано ги негираа како неосновани и апсурдни.

Како резултат на тоа, Москва протера 10 американски дипломати и воведе дополнителни мерки, ветувајќи дека ќе одговори на секој санкциски бран од Вашингтон.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот