Утрински Весник
Свет

Москва: Ги уништивме складиштата за нафта во Кременчук

Москва: Ги уништивме складиштата за нафта во Кременчук

Руската армија со помош на прецизно оружје со долг дострел уништи складишта на бензин и дизел гориво во нафтената рафинерија во Кременчук, од каде се снабдуваше украинската армија, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

Тој рече дека украинската армија во централниот и источниот регион на земјата се снабдувала од тој склад, пренесе агенцијата РИА Новости.

Рафинеријата за нафта Кременчук е најголемата компанија за производство на нафтени деривати во Украина, наведува руската агенција.

Можете да прочитате

Ле Пен, Вилдерс и Салвини го поддржаа Орбан во Будимпешта

Зеленски: Украина има „неоспорни“ докази дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО СОФИЈА: Запленети околу еден милион фалсификувани евра