Утрински Весник
Свет

Москва: Вашингтон да се врати на нуклеарниот дијалог без политика

Москва: Вашингтон да се врати на нуклеарниот дијалог без политика

Москва го повикува Вашингтон да се врати на неполитизиран, професионален дијалог за нуклеарната безбедност, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

Запрашан од новинарите да ги коментира коментарите на американската потсекретарка за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност Бони Џенкинс, која тврди дека Русија создава нуклеарни ризици во Украина, Антонов рече дека тоа е „русофобна реторика“, пренесува ТАС С.

„ Ваквите изјави се уште еден обид за пренесување на русофобната реторика на меѓународни платформи. Го повикуваме Вашингтон да се врати на неполитизиран, професионален дијалог во областа на нуклеарната безбедност“, рече рускиот амбасадор во САД, пренесе ТАС С.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро