Утрински Весник
Свет

Мосад вклучен во истрагата за експлозијата на Израелската амбасада во Индија

Мосад вклучен во истрагата за експлозијата на Израелската амбасада во Индија

Израелската тајна служба Мосад е вклучена во истрагата за експлозијата во близина на Израелската амбасада во Индија минатата недела, пренесува РТ.

Според израелските и индиските медиуми, бомба експлодирала во близина на Израелската амбасада во Њу Делхи, при што се искршиле прозорците на три автомобили, но била предизвикана мала материјална штета во самата амбасада. Нема жртви во инцидентот.

„Тајмс оф Израел“ соопшти дека истражителите нашле плик на улица со писмо упатено до израелскиот амбасадор во кое е опишана експлозијата како „најава за она што следува“ и се однесува на иранските маченици Касем Солејмани и Мохсен Фахризаде.

„Можеме да му ставиме крај на вашиот живот, во кое било време и на кое било место“, се вели во пораката.

Непозната група која се нарекува „Армија на Индија“ ја презеде одговорноста за нападот. Се вели дека нејзините „војници“ можат да се инфилтрираат во силно чуваната дипломатска област во главниот град на Индија, со цел да извршат понатамошни активности.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи