Утрински Весник
Спорт

Морент и пресуди на Минесота, Мајами ја елиминираше Атланта

Dik 300x250 mk

Мајами ја добија серијата со Атланта и се пласираа во полуфиналето, во Источната конференција. На Западот, Мемфис и Финикс водат со 3:2 во сериите против Минесота односно Њу Орлеанс.

Мемфис, во финишот се вратија од негативата од 12 поени и кошот на Џа Морент ја победија Минесота со 111:109. Морент, кој пред натпреварот ја доби наградата за играч кој најмногу напредувал ги постигна последните 13 поени за својот тим. Во последната четвртина постигна 18 од своите 30 поени. Дезмонд Бејн го следеше со 25 поени.

Кај Минесота се истакна Карл-Ентони Таунс со 28 поени.

Финикс без Девин Букер славеа против Њу Орлеанс 112:97. Отсуството на Букер го надомести Микел Бриџис (31 поен, 5 скока, 4 асистенции). Ветеранот Крис Пол мечот го заврши со 22 поени и 11 асистенции.



Мајами ја решија серијата против Атланта со победата 97:94 во петтиот меч.

Мајами играше без Џими Батлер, Атланта без Богдан Богдановиќ. Двајцата имаат проблеми со повредите.

Виктор Оладипо постигна 23 поени, Бем Адебајо 20 и 11 скока. Кај Атланата Диандре Хантер забележа рекордни во кариерата 35 поени. Одново потфрли Тре Јанг (11 поени).

Во полуфиналето Мајами ќе играат против подобриот од серијата помеѓу Филаделфија и Торонто.

> Морент и пресуди на Минесота, Мајами ја елиминираше Атланта <

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс