Ретко кој навивач на Јувентус може да биде задоволен од сезоната на „бјанконерите“, со уште еден европски неуспех и пред предавање на италијанската титула првпат по 9 трофеи во низа. Меѓутоа, дел од навивачите, заштитени од анонимноста на Интернет го претераа, праќајќи му гнасни пораки на 17-годишниот Николо Пирло, синот на тренерот Андреа Пирло.
„Мораш да умреш заедно до својот татко“, беше една од многуте погрдни пораки кои ги добивал тинејџерот Николо.
„Моја единствена вина е што сум син на тренерот на Јувентус. Социјалните мрежи се прекрасна, но и ужасна алатка. Сакам да помислите што искусувам во моментов. Да знаете како е да добивате закани секој ден“, вели Николо Пирло на својот Инстаграм профил објавувајќи ги пораките кои ги добивал во последно време.
Ова не е првпат дел од навивачите на Јуве да регираат вака. Поранешниот тренер Масимилијано Алегри неколку месеци пред да замине од тимот го деактивираше профилот на Инстаграм поради пораките кои ги добивал.
17-годишниот Николо е еден од четирите деца на Пирло и живее во Торино со неговото семејство. Тој е аматерски фудбалер и има околу 70.000 следбеници на Инстаграм.
View this post on Instagram
> Морбидни пораки до синот на Пирло: Да умреш заедно со татко ти <