Утрински Весник
Македонија

МОН: Училиштата и општините да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците

МОН објави уште еден повик за наставници за напредување во звање ментор

Министерството за образование и наука апелира училиштата и општините да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците. Од МОН, исто така, велат дека овие средства редовно се уплаќаат.

„Работата и посветеноста на наставниците треба да се вреднува и почитува, посебно во услови на пандемија кога сите заеднички вложивме максимални напори да имаме успешна учебна година. Министерството за образование и наука апелира до локалните самоуправи и училиштата да го почитуваат Законот и да ги исплаќаат надоместоците за прекувремена работа на наставниците. МОН редовно и навремено ги уплаќа блок дотациите кон локалните самоуправи, согласно динамиката со којашто тие ги доставуваат барањата“, се наведува во соопштението.

Од МОН велат декауште во октомври лани испратило писмо до сите училишта со кое ги потсетило на законските обврски дека за наставниците кои извршуваат работни задачи повеќе од полното работно време треба да им се исплати надоместок за прекувремена работа, за што се обезбедени средства.

„МОН и претходно во повеќе наврати апелираше до општините да го почитуваат Законот и да го исплатат надоместокот. Исто така МОН одговори, појасни и даде детални инструкции за постапување на секое училиште и општина која се обрати за барање за појаснување како да постапи во врска со пресметките за плата“, пишува во соопштението.

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките