Утрински Весник
Македонија

МОН: Студентите ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии

МОН: Студентите ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии со цел да го стимулираме и вреднуваме нивниот труд, знаења и успеси, но и да го подобриме стандардот на младите. За оваа намена годишниот буџет е зголемен за 35%, изјави министерката за образование Мила Царовска, по средбата со претставници на студентските и средношколските организации и сојузи кои беа активно вклучени во креирањето на новите политики за стипендирање.

„Во делот на поддршката на студентите, ќе доделуваме стипендии во 11 различни категории. За 9 категории износите ги изедначуваме и ќе бидат 6.050 денари на месечно ниво, што значи пораст во однос на тоа што досега се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари“, рече Царовска.

Изедначувањето се однесува на вкупно 2.840 стипендии кои ќе се доделат со стартот на новата академска година. Стипендиите за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.

„Овде стимулацијата е најпотребна, бидејќи се соочуваме со преголем дефицит на овој тип на кадар“, рече Царовска.

Претставниците на студентските организации истакнаа дека се задоволни од одлуката за раст на стипендиите и дека ќе ја продолжат конструктивната и партнерска комуникација со цел да се креираат политики и мерки кои се во интерес на младите, информираат од МОН.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе