Утрински Весник
Македонија

МОН: Реализирана исплатата на ученички и студентски стипендии за месец мај

МОН: Нема бојкот на наставата, од часовите отсуствуваат изолирани случаи

Министерството за образование и наука информира дека е реализирана исплатата на средствата за ученички и студентски стипендии за месец мај 2021 година.

Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, веќе ги добија средствата на своите сметки.

Практиката на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставена на почетокот на годината, ќе продолжи и во следниот период, бидејќи од особена важност е младите навремено да ги добиваат средствата кои ги заслужуваат и кои значат мотив и поддршка во процесот на нивната едукација, стои во писменото соопштение од министерството за образование.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: Не сакаат опозиција во министерствата за да не се види криминалот и корупцијата

Објавени најмоќните пасоши за 2026, Сингапур на врвот

Тешка сообраќајка во Битола и низа приведувања низ државата, возачи со над 2 промили алкохол зад волан