Утрински Весник
Македонија

МОН: Причината за бојкотот на наставата е неоправдана

Заев: Школската година ќе започне на 1 октомври

По одлуката на групи ученици во неколку училишта да ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука упатува апел за разумност и повторно приклучување кон останатите деца од нивните класови. Од МОН велат дека причината за бојкотот на наставата е неоправдана.

„Причината за бојкотот на наставата е неоправдана, ако се има предвид дека дигитализацијата на образованието е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а Северна Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование кои ги наметнуваат развиените општества“, се наведува во соопштението.

Од МОН појаснуваат дека дигитализацијата на материјалите за учење е дефинирана во новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали и предвидено е истата да се случува етапно, почнувајќи во четврто одделение од следната учебна година, така што во овој момент тоа воопшто не ги засегнува средношколците и тие немаат причина за отсуство од настава по тој основ.

Според МОН, законското решение кое се однесува на учебниците е во целосна согласност со потребите кои ги наметнува светот во кој тие живеат, а тоа е светот и ерата на дигиталната технологија и никој од нив не треба да поттикнува или поддржува отпор кон промени во чиј фокус е нивниот најдобар интерес и промени кои ќе ја унапредат наставата, интеракцијата помеѓу наставниците и учениците, ќе го намалат обемот на домашните задачи и работата на родителите и старателите со учениците и ќе донесат подобрување на севкупниот квалитет на националниот образовен систем.

„Апелираме учениците кои денес не се дел од часовите, да ја продолжат наставата и успешно да ја завршиме учебната година. Во меѓувреме, граѓаните да продолжат да ги следат информациите кои ги објавува МОН во врска со креирањето и имплементирањето на промените во образовниот систем, бидејќи сите други извори на информации, можат да бидат неточни и од манипулативна природа, со намера да поттикнат несакани реакции токму од страна на учениците и нивните семејства“, велат од МОН.

Можете да прочитате

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме