Утрински Весник
Македонија
Img 7972

МОН објави уште еден повик за наставници за напредување во звање ментор

МОН објави уште еден повик за наставници за напредување во звање ментор
300x250 opst2

Министерството за образование и наука информира дека денес е објавен повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“. На повикот можат да се пријават наставници од основните училишта од кои на првиот повик немаше пријавени кандидати или немаше кандидати кои ги исполнуваа условите.

Вториот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање ментор е објавен на следниот линк. Во самиот повик е наведена листата на училишта на кои се однесува истиот.

За еден наставник да може да аплицира за остварување на правото кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта чија цел е подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност, потребно е да исполнува неколку услови: да има најмалку 7 години работни искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 30 јуни 2021 година.

Можете да прочитате

Објавено видео од пукањето во Куманово

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДУИ: Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство