Утрински Весник
Македонија

МОН: Не се укинува ниту историја, ниту една научна дисциплина, ќе се изучуваат поврзано

МОН: Не се укинува ниту историја, ниту една научна дисциплина, ќе се изучуваат поврзано
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за образование и наука соопшти дека не се укинува предметот историја, туку дека се подготвува целосно нов модел на настава, во кој ниту една научна дисциплина нема да се изгуби, туку ќе се смени концептот на кој учениците го изучуваат материјалот.

Целта на овие реформи, велат дека е на ученикот да му даде целосна слика за одреден настан или тема, а тоа се постигнува преку интердисциплинарен и интегриран пристап.

„ На овој начин учениците подобро ќе ги разберат и запомнат темите кои ги изучуваат и притоа ќе ги развијат своите аналитички способности.

Досегашниот модел на настава ги учи нашите ученици само на факти и не им овозможува да ги поврзуваат информациите и знаењата од различните дисциплини што ги изучуваат во основното образование. Ова го докажуваат и ниските рангирања согласно домашните и меѓународни истражувања и извештајот на ОЕЦД за нашата земја. Токму затоа е особено важно да се воведе учење преку истражување, преку кое ќе го подобриме образованието и ќе негуваме креативни и иновативни ученици.

Новата концепција за основно образование е развојна и се подготвува врз основа на образовните модели што функционираат во повеќе европски земји меѓу кои Словенија, Естонија и Финска. Клучни за промените се и резултатите од меѓународните тестирања, домашните анализи, како и ставовите на наставниците, родителите и учениците, кои даваат јасна слика во која насока треба да оди нашето образование.

Во овој момент во рамки на јавната расправа се дискутира за Концепт на образование, а не за конкретни наставни програми. При изработката на наставните програми ќе бидат поставени очекуваните резултатите од учењето, а врз основа на нив и содржините што учениците треба да ги совладаат од одделните научни дисциплини (историја, географија, граѓанско образование, итн). Во овој процес ќе бидат вклучени универзитетски професори, наставници од соодветните области и сите релевантни чинители“ соопшти министерката Мила Царовска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен