Утрински Весник
Македонија

МОН го повлече учебникот по Македонски јазик за петто одделение

МОН го повлече учебникот по Македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина.

„ Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма. Министерството за образование и наука продолжува со силни реформски процеси во образованието како и со обезбедување на квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците“ се наведува во соопштението од МОН.

Од МОН информираат дека во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО со однапред смислено сценарио за јавен линч на Филипче, велат од СДСМ

Демант на МСПДМ во врска со ЈУМЦСР Тетово

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место