Утрински Весник
Македонија

МОН го објави конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“

МОН го објави конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Објавен е конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ во 2021 година, која се доделува за научна книга или дело објавено во 2020 година.

За наградата со која се оддава општествено признание за особено значајно остварување од интерес на С. Македонија во областа на науката, право на конкурирање имаат автор или група автори на дела што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани. За датум на објавување се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП).

Право на конкурирање немаат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт фактор, како и поглавја или делови од книги.

Предлози за доделување на наградата и примероци од научните остварувања можат да поднесат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Истите се доставуваат до Министерството за образование и наука – Одбор за доделување на наградата “Гоце Делчев”, бул.“Св. Kирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, заклучно со 15.2.2021 година.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење