Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Монтажните шатори во Клиничкиот центар се размонтирани заради ризик од уништување

Монтажните шатори во Клиничкиот центар се размонтирани заради ризик од уништување
Img 7972

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска образложи дека во рамки на монтажната болница се отстранети само шаторите, поради ризик од оштетување.

– Демонтирани се шаторите од Армијата, тоа беше модел, капацитет, што најбрзо можевме да го имаме на располагање. За среќа во ниеден момент не ни требаше. Во меѓувреме со швајцарската донација се поставија бараките и тие се сега сосема доволен дополнителен капацитет што е планирано да го користиме и за друга намена кога нема да има пациенти. Се надевам дека никогаш нема да има пацинети од корона вирусот. Шаторите беа само изложени на време и ризик да бидат оштетени. Така што, тоа е причината зашто се демонтираат, истакна министерот за здравство.

Тој наведе дека сега со бараките се на располагање 12 соби со по шест кревети, односно 72 легла сите со соодветен приклучок за да може да бидат трансформирани во кревети за интензивна нега.см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

Мицкоски: СДСМ се бори само за бизниси и тендери