Утрински Весник
Македонија

Монтажната болница на скопската клиника ќе може да се користи за организирање ургентен интернистички центар

Филипче: Здравствениот систем е во целосно добра кондиција

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) –  Капацитетот на монтажната болница, што се наоѓа до Клиниката за инфективни болести во Скопје, може да се користи за организирање на ургентен интернистички центар.

Министерот за здравство Венко Филипче  информираше дека со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада денеска ја посетиле монтажната болница, што се наоѓа до Клиниката за инфективни болести во Скопје.

– Тоа е еден капацитет, кој значи нови 72 кревета, кои за среќа сега, а се надевам дека така и ќе остане, нема потреба да се користат, но има потреба капацитетот да се користи во смисла на организирање на еден, како што најавив, Ургентен интернистички центар, каде ќе се прави тријажа на пациентите и од тука после соодветниот преглед – тест, доколку се наметне потреба, ќе се упатат или на Инфективната клиника или на другите клиники, но ќе знаеме дали е некој позитивен или не на коронавирусот, со цел да се воспостави еден коридор, што ќе важи за целиот Клинички центар, рече Филипче на прес-конференција. рп/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње