Утрински Весник
Спорт

Монако го претставија новиот тренер Клемен

Монако го претставија новиот тренер Клемен

Белгиецот Филип Клемен е промовиран во нов тренер на францускиот прволигаш Монако, по отказот кој го доби хрватскиот тренер Нико Ковач минатата недела.

Ковач доби отказ од клубот од кнежевството откако паднаа на шестото место на табелата со 17 поени зад лидерите Пари Сен-Жермен и елиминацијата од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. 47-годишниот Клемен пристигнува на „Стад Луј Втори“ со договор до јуни 2024 откако последните две сезони беше прв човек на белгискиот шампион, Клуб Бриж.

„Клемен е докажан како тренер кој го извлекува максимумот од младите фудбалери, со што е совршен човек за да го врати Монако во елитата на францускиот фудбал и во европските натпреварувања на оддржлив начин“, вели извршниот директор на клубот, Олег Петров.

Рускиот милијардер Дмитриј Риболовљов го купи Монако во 2011 година, и оттогаш тие освоија само два трофеи.

> Монако го претставија новиот тренер Клемен <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина