Утрински Весник
Свет

Молдавијa поднесе барање за членство во ЕУ

Молдавијa поднесе барање за членство во ЕУ

Молдавија денеска поднесе барање за членство во Европската Унија, изјави претседателот на земјата, една недела по почетокот на руската инвазија на соседна Украина.

„Денеска ја потпишуваме апликацијата за членство во ЕУ“, изјави Маја Санду за новинарите. „Некои одлуки мора да се донесат брзо и одлучно“, додаде таа.

Грузија, исто така, поднесе барање за членство во ЕУ во четвртокот, по барањето од Украина.

За кандидатурата на Украина ќе се разговара на самитот на ЕУ следната недела.

Можете да прочитате

Разбиена мрежа на „лажни банкарски советници“ во Париз

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

Историски ден за Англиканската црква: Сара Малали интронизирана за надбискуп на Кантербери