Утрински Весник
Свет

Мозаиците во „Аја Софија“ ќе бидат покриени со завеси или ласери за време на муслиманска молитва

Мозаиците во „Аја Софија“ ќе бидат покриени со завеси или ласери за време на муслиманска молитва

Мозаиците во истанбулската „Аја Софија“ ќе бидат покриени со завеси или ласери за време на муслиманската молитва, објави портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот  (АКП), откако претседателот Таип Ердоган го претвори музејот во џамија.

Христијанските икони ќе бидат откриени и отворени за сите посетители во текот на останатото време, а влезот ќе биде бесплатен, рече Омар Челик. Сè уште не е јасно како ласерите ќе ги покриваат мозаиците.

Претседателот Таип Ердоган ја прогласи истанбулската „Аја Софија“ отворена за муслиманска богослужба, откако судот донесе одлука дека претворањето на некогашната византиска црква во музеј во 1934 година било нелегално.

Одлуката предизвика критики и загриженост низ целиот свет, вклучително и Грција, САД и Русија, како и УНЕСКО и папата Франциско, кои рекоа дека се погодени од одлуката.

Челик на прес-конференција изјави дека Светиот Престол покажал најголемо непочитување кон „Аја Софија“ во историјата.

Тој рече дека православните христијани страдале со години како резултат на „латинската инвазија“ предводена од Ватикан во 13 век кога крстоносците ја ограбиле базиликата.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е разочаран од одлуката на турската влада да го смени статусот на „Аја Софија“, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис остро ја осуди одлуката на Турција да ја претвори „Аја Софија“ од музеј во џамија.

Грција рече дека одлуката ќе има последици врз односите меѓу двете земји и врските на Турција со Европската Унија.

Лидерот на екстремно десничарската италијанска партија Лига, Матео Салвини, го предводеше протестот пред турскиот конзулат во Милано.

„Ќе запрам секаква финансиска помош за турскиот режим и ќе ја завршам еднаш засекогаш секоја претпоставка за влез на Турција во Европската Унија затоа што дадовме повеќе од десет милијарди евра за режимот што ги претвора црквите во џамии и мислам дека ја преминаа границата“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години