Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Можно е да постои и хрватски сој на коронавирусот

Можно е да постои и хрватски сој на коронавирусот
300x250 opst2

Шефот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цепак, вели дека не ја исклучува можноста за постоење на хрватски вид на коронавирусот.

Тој на денешната прес-конференција рече дека има 11 потврдени случаи на британскиот сој во Хрватска, но дека постојат сомнежи оти во земјата има и други, нови варијанти на Ковид-19.

„Она што е ново е дека ХЗЈЗ воведе скрининг тест за нови варијанти и вчера тестиравме 17 примероци од кои имаме 10 суспектни на нова варијанта, а сите примероци ги испративме на Инфективната клиника за потврда. Наскоро ќе имаме потврда дали и во тие случаи се работи за британски сој или не“, рече Цепак, а пренесува „Индекс.хр“.

„Лицето кај кое е пронајден новиот вид е тестирано во нашата земја. Тоа е можна мутација што можеби припаѓа на други видови. Не знаеме точно кои, но никако не верувам дека тоа е бразилски сој, можеби е хрватската варијанта“, објасни Цепак.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин