Утрински Весник
Свет

Можна е вонредна здравствена состојба во САД поради мајмунски сипаници

Dik 300x250 mk

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ја разгледува можноста епидемијата на мајмунски сипаници во таа земја да ја прогласи за вонредна состојба во јавното здравство, пишува американскиот дневен весник „Вашингтон пост“.

dobivaj vesti na viber

Според весникот, властите планираат да назначат координатор на Белата куќа кој ќе го следи одговорот на земјата на епидемијата.

Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за глобална здравствена вонредна состојба во текот на викендот. Досега заразата со мајмунски сипаници е регистрирана во речиси 70 земји каде што не е ендемична. Бројот на заразени надмина 16.600.

Два случаи на мајмунски сипаници првпат беа откриени минатата недела кај деца во САД.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно