Утрински Весник
Спорт

Модриќ раскажа за најголемиот скандал помеѓу Кристијано и Мурињо

Роналдо: Немам намера да се пензионирам

Мадрид, 5 јуни 2020 (МИА) – Во својата биографија „На мој начин“, Лука Модриќ зборуваше за најнапнатиот момент помеѓу Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо.

Ситуацијата е од 2013 година за време на натпревар за Кралскиот Куп.

– Бев изненаден од реакцијата на Мурињо. Поведовме со 2:0. Роналдо не ги следеше своите ривали и Жозе беше многу лут на него. Двајцата се расправаа долго време на теренот. Кога отидовме во соблекувалната, го видов Роналдо очаен на работ на солзи. Тој рече: „Јас давам најдобро што можам, и тој постојано ме критикува“. Влезе Мурињо и почна да го критикува Португалецот за неговите должности на теренот. Ситуацијата се вжешти и само интервенцијата на соиграчите спречи вистински конфликт, рече Хрватот.

Жозе пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2010 година и замина во летото 2013 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот