Утрински Весник
Спорт

Модриќ: На Реал му недостасуваат головите и лидерството на Роналдо

Модриќ: На Реал му недостасуваат головите и лидерството на Роналдо

Мадрид, 15јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот на Реал, Лука Модриќ, сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“. Тој зборуваше и за шансите на тимот во ЛШ, како и за отсуството на Кристијано Роналдо.

– Сигурен сум дека можам да играм на високо ниво во наредните две години во кои имам договор. Сакам да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, но тоа зависи и од клубот, рече 34-годишниот играч од средниот ред во интервју за „Газета дело дело“.

Во среда, УЕФА официјално ќе го објави новиот формат за плеј-офот на Лигата на шампионите оваа сезона.

– Пари Сен Жермен ќе биде добро, иако нема да играат до август. Лесно е да се посочат Барселона и Баерн кога се зборува за фаворити. Мора да бидете внимателни со Атлетико Мадрид. Оној што ќе продолжи напред меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, сигурно ќе биде меѓу фаворитите, прокоментира Хрватот.

Халфот зборуваше и за својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо, кој, според него, е меѓу најголемите во историјата.

– Тој секогаш сака да победи, тој знае како да мотивира. Тој е човек со големо срце и секогаш е подготвен да помогне. Ни недостасуваат неговите голови и карактер, рече Модриќ.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство