Утрински Весник
Свет

Моди: Индија испиша историја, аплицирани над милијарда вакцини

Моди: Индија испиша историја, аплицирани над милијарда вакцини
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Индија подели над милијарда дози вакцини за своите граѓани, а премиерот Нарендра Моди рече дека земјата „напишала историја“.

„Сведоци сме на триумфот на индиската наука, претприемништвото и колективниот дух на Индијците“, напиша Моди на Твитер, бидејќи околу 75 проценти од населението во Индија прими барем една доза од вакцината, додека околу 30 проценти се ревакцинирани.

По тој повод, премиерот се сретна со здравствени работници и војници во државната болница во Њу Делхи. Министерството за здравство најави музички и други културни програми низ целата земја за да го прослави исполнувањето на целите за вакцинација.

Земјата со близу 1,4 милијарди жители е втората земја во светот која надмина една милијарда дози од вакцината против коронавирусот, а првата ја направи Кина во јуни. Владата планира да ги вакцинира сите 944 милиони возрасни граѓани до крајот на годината, пренесуваат агенциите.

Во средата, бројот на нови случаи на коронавирус беше нешто повеќе од 14.000, што значи пад од почетокот на годината, кога повеќе од 400.000 луѓе се разболија со делта-сојот на дневна основа.

Шефот на индискиот кризен штаб за борба против Ковид-19, Кеј Пол, рече дека би сакал да види уште поголем број вакцинирани.

„Вакцинацијата на целата популација е од апсолутна важност“, рече Пол.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро