Утрински Весник
Свет

„Модерна“ ќе достави 20 проценти помалку вакцини во Италија

„Модерна“ ќе достави 20 проценти помалку вакцини во Италија

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ ќе достави 20 проценти помалку вакцини во Италија отколку што е договорено, изјави специјалниот началник за борба против коронавирусот, Доменико Аркури.

„Во првата недела ќе дојдат само 132.000 дози, што е за 20 проценти помалку отколку што се договоривме“, рече Аркури, пренесе „Ројтерс“.

Италија, како и остатокот од Европската Унија, има проблем поради доцнењето во испораката на вакцини, бидејќи компанијата „Фајзер“ не го испочитува рокот, па официјален Рим испрати предупредувачко писмо.

„Денес сме веќе пократки за 300.000 дози. Секој ден е полош од претходниот. Вакцините не се сокови или грицки, тие се само лек за темната година што е зад нас. Одлуката за одложување на испораката е еднострана и без образложение“, додаде Аркури.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија