Утрински Весник
Магазин

Модерна фамилија! Џеф Безос на јахта со девојката и нејзиниот поранешен свршеник

Модерна фамилија! Џеф Безос на јахта со девојката и нејзиниот поранешен свршеник
Dik 300x250 mk

Милијардерот Џеф Безос ја прослави Новата година на луксузна јахта на Карибите со девојката Лорен Санчез и неколку гости.

Меѓу гостите беа нејзиниот поранешен вереник Тони Гонзалес и нивниот син, како и неговата сопруга – сите на купче – се забавуваа на јахта.

Основачот на „Амазон“ (57) се огласи на Инстаграм во саботата за да сподели неколку фотографии од Сент Барт, на кои се гледа поранешниот вереник на Санчез, Тони Гонзалес, и неговата сопруга.

Гонзалес, поранешна НФЛ-ѕвезда, кој беше во врска со Санчез до 2015 година, го донесе и нивниот син. На бродот долг 88 метри беше и младиот брат на Безос, Марк, и други гости.

Оваа весела дружба веднаш се најде на првите страници на светските таблоиди со коментар „модерна фамилија“.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои навидум изгледаат смирено

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година