Утрински Весник
Свет

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа фармацевтска компанија. Како што пренесува Би-би-си, раните лабораториски тестови сугерираат дека антителата произведени како резултат на вакцината препознаваат и се борат против новите соеви на вирусот.

Но, потребни се повеќе студии за да се докаже дека ова е вистина, особено за луѓето што веќе биле вакцинирани. Новите соеви на коронавирусот се шират побргу во голем број земји и мутираат, што значи дека може полесно да ги заразат луѓето отколку оригиналната верзија на коронавирусот. Експертите проценуваат дека сојот на вирусот во Велика Британија, кој се појавил во септември, е можеби и до 70 проценти позаразен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ГС на ОН му дозволи на палестинскиот претседател да се приклучи на годишната сесија преку видео врска

ИДФ најави дека ќе употреби „сила без преседан“ во градот Газа

Орбан: Трамп го одржа ветувањето Унгарците да патуваат без виза во САД