Утрински Весник
Свет

„Модерна“ почна да ја тестира вакцината против Ковид-19 на бебиња и деца

„Модерна“ почна да ја тестира вакцината против Ковид-19 на бебиња и деца

Американската компанија за биотехнологија „Модерна“ започна со давање вакцини против коронавирусот на деца на возраст од шест месеци до 11 години, како дел од средната до доцната фаза на клинички испитувања на оваа вакцина, објави компанијата.

За време на клиничките испитувања, ќе биде испитана безбедноста и ефикасноста на двете дози на вакцината „mRNA-1273“, дадени во растојание од 28 дена, а се планира да учествуваат 6.750 деца од САД и Канада.

Вакцината е веќе одобрена за итна употреба кај Американците над 18 години.

Во посебна студија, која започна во декември, „Модерна“ ја тестира својата вакцина кај адолесценти на возраст од 12 до 18 години.

Најновите клинички испитувања се спроведуваат во соработка со Националниот институт за алергија и инфективни болести (НИАИД) и Дирекцијата за биомедицинско истражување и развој (БАРДА).

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола