Утрински Весник
Македонија

Мобилни тимови во Делчево започнаа со дистрибуција на средства за заштита

Мобилни тимови во Делчево започнаа со дистрибуција на средства за заштита

Делчево, 25 март 2020 (МИА) – Мобилни екипи составени од вработени во ЕЛС Делчево започнаа со дистрибуција на средствата за заштита собрани од донацијата од Општина Делчево и делчевски фирми.
– Донацијата се состои од маски и дезинфициенси, а таа се распределува до институциите кои во овој период на вонредна состојба се активни и работат на превенција и заштита на населението од појава на заразата од корона вирусот, информираа учесници во акцијата.
Распределувањето како што додадоа ќе се одвива во фази, а денеска со акцијата се опфатени неколку делчевски служби.
-Тоа се Територијалната противпожарна единица Делчево, Граничен премин и Царинска испостава Делчево, Центарот за јавно здравје  ПЕ Делчево, ДЗС, ЦУК, Центар за социјални работи, Агенција за вработување, Дневен центар за лица со посебни потреби, Основно јавно обвинителство, Основен суд, банките и поштата како и Општинската организација на Црвен крст Делчево, додадоа од Општина Делчево.
Изразувајки благодарност до сите кои на било кој начин учествуваа во обезбедувањето на заштитни средства, делчевскиот градоначалник Горан Трајковски додаде дека во следната фаза ќе бидат опфатени и Здружението на пензионери, како и образовните институции, Здравствениот дом, Центарот за дијализа, Полициската станица Делчево, Јавното комунално претпријатие „Брегалница“, Македонија пат, ПИОМ, ФЗО, УЈП, Шумска полиција, Кататстер, како и сите институции кои работат со странки.
Во рамки на акцијата ќе бидат поделени маски за сите вработени во овие служби, а според предвиденото помошта ќе се надополнува и со потребните ракавици кои се во фаза на набавка. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите