Велес, 17 март 2020 (МИА) – Заради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот, мобилниот тим на Општина Чашка за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината ги реализира своите активности на терен, за помош на овие лица во доставување на храна и лекови.
Од Општина Чашка потсетуваат дека секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од помош при набавка на потребни лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена ќе може да се јавуваат секој ден од неделата на следните телефонски броеви:
076426830
075499340
– После телефонското јавување, доаѓа лице од мобилниот тим на општината во домот на нарачателот, ја прима нарачката со соодветни средства за купување на истата, ја реализира, и повторно се враќа во домот на лицето и ја доставува нарачката, појаснуваат од Општина Чашка.ад/фф/