Утрински Весник
Македонија

Мобилна болница со 130 кревети ќе биде поставена до Инфективната клиника

На Инфективна клиника хоспитализирани четворица со компликации од грип од кои едно во тешка состојба, а осум со симптоми

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Мобилна болница на почетокот на идната недела ќе биде поставена до Универзитетската клиника за инфективни болести, во која ќе се сместат 130 кревети, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Мобилната болница треба да го надополни капацитетот, тоа е болница која ја користи Армијата. Имавме интензивна комуникација со министерката за одбрана и целосно излегоа во пресрет од Армијата, а понатаму градот Скопје што го обезбеди просторот каде таа ќе биде сместена. Сметаме дека треба биде блиску и да се надополни капацитетот на Инфективната клиника, зашто тука е и експертизата и тука е и можноста да ротираат тимовите. Значи ќе има врски со Клиниката, ќе има и соодветни услови, тоалети, тушеви, и кревети. Капацитетот ќе биде 130 кревети. Сегашниот капацитет на клиниката е 110 легла. Сметам дека ќе биде сосем доволен и може да се направи и добар распоред согласно клиничката слика на пациентите, рече Филипче.

Додаде дека секогаш се на располагање и другите лекари и медицински сестри од другите клиники и болници, тоа е план што го направиле пред неколку недели и тие можат да помогнат во третманот на пациентите.

Мобилната болница ќе биде поставена на просторот, каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК