Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мобилна апликација која ги мотивира граѓаните да останат дома

Мобилна апликација која ги мотивира граѓаните да останат дома
300x250 opst2

 

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – „#ChallengerДом“а e мобилна апликација која ги мотивира сите граѓани да останат дома и со тоа да го победат коронавирусот, информираат од тимот на „Challenger“ кои денеска ја лансираа оваа алатка, и посочија дека граѓаните можат да ја инсталираат преку продавницата за апликации на мобилните телфони, iOS или Android.
Алатката, како што истакнаа од тимот, користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома.
 
-Пандемијата не поттикна да креираме мобилна апликација за граѓаните што ја нарековме #ChallengerДома за да не мотивира сите во државава да остaнеме дома. Апликацијата користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома. Исто така за секој час што ќе го поминете дома ќе добиете таканаречени Дома поени што можете да ги размените за купони за попуст во локални македонски бизниси, рече Олга Рајчиќ од „Challenger“.
#ChallengerДома ќе биде во функција се додека трае пандемијата.бт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму