Утрински Весник
Македонија

МНР: Со брза реакција санирани се штетите на споменикот во чест на загинатите Бугари во Охрид

МНР: Со брза реакција санирани се штетите на споменикот во чест на загинатите Бугари во Охрид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за надворешни работи најостро го осуди последното сквернавење на спомен-плочата „Солзата на Роза“ во Охрид, поставена во сеќавање на жртвите од бродската несреќа во 2009 година, кога 15 бугарски туристи загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ во водите на Охридското Езеро.

„Веднаш штом добивме информација за овој чин, од страна на надлежните државни власти беа преземени соодветни мерки и споменикот за кратко е вратен во првобитната состојба. За оваа информација благовремено, со нота, е известена и Амбасадата на Република Бугарија во Скопје“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Од таму потенцираат дека се работи за изолиран случај, кој не е во согласност ниту со државната политика, ниту претставува интерес на граѓаните.

Можете да прочитате

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“

Давчевски претседател на ГО, Лазов на ЦО на СДСМ

Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска