Утрински Весник
Македонија

МНР се огласи по реакциите во јавноста: Генерален конзул во САД веќе има и тој на половина од својот мандат

МНР се огласи по реакциите во јавноста: Генерален конзул во САД веќе има и тој на половина од својот мандат
Dik 300x250 mk

Oд Министерството за надворешни работи, денеска реагираа на бројните објавени, како што велат, нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско-конзуларните претставништва.

Во јаноста на големи критики наиде информацијата дека презентерката Бесмира Ујупи е именувана за генералан конзул во Њујорк иако не ги исполнувала условите кои се предвидени со Законот за надворешни работи.

„Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“.

Кратко појаснување за читателите во однос на соопштението на МНР е дека генералниот конзулат на Македонија, од 2016 година е преместен и не е веќе во градот Њујорк туку е во местото Тотова, Њу Џерси.

Причината за ваквото преместување била затоа што во Њу Џерси има голема македонска дијаспора.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре