Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МНР: Заострени мерки за влез во Црна Гора

МНР: Заострени мерки за влез во Црна Гора
300x250 opst2

Врз основа на влошената епидемиолошка состојба во Црна Гора, црногорските власти ги заострија мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, информира македонското министерство за надворешни работи.

„Според најновата одлука која ќе важи од 02.01. 2022 год. до 12.01.2022 год, секој кој влегува во Црна Гора, независно од тоа дали е црногорски или странски државјанин, мора да ги исполнува следните услови: Лицето да е вакцинирано со пропишаниот број вакцини против коронавирусот, а од втората доза на вакцина да не се поминати повеќе од 6 месеци и едновремено со потврдата мора да поседува и негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа. Или доказ дека лицето прележало Ковид-19 (да не е поминато помалку од 10 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР или брзиот антигенски тест) и едновремено со доказот мора да поседува и негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа“, стои во соопштението од МНР.

Деца под 18 години, се изземаат од мерките и за нив не се потребни ниту потврди за вакцинација или за прележана болест (ковид), ниту тестови.

Државјаните на Црна Гора и странците со регулиран престој можат да влезат во земјата без овие докази, но со определување самоизолација во траење од 10 дена, која е можно да биде прекината најрано 3 дена по добивање негативен ПЦР тест.

Можете да прочитате

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал

Мицковски: Ако Филипче го чувал идентитетот, тогаш зошто денеска се потребни црвени линии?