Утрински Весник
Свет

Многу полицајци страдаат од посттрауматски стрес поради упадот на толпата во американскиот Конгрес

Многу полицајци страдаат од посттрауматски стрес поради упадот на толпата во американскиот Конгрес

Полицијата задолжена за обезбедување на зградата на американскиот Конгрес се извини за пропустите за време на упадот од страна на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп на 6 јануари.

Официјалните лица признаа голем број грешки: различни информации, недоволна подготовка и мобилизација на партнерските агенции. Тие повикаа на подобрени структури за комуникација и подобри системи за отчетност.

„Тука сум да ги искажам моите најискрени извинувања во име на одделот“, рече Јоланда Питман, шефица на полицијата на Конгресот, во подготвена изјава за Комисијата за надзор на јавните финансии на Претставничкиот дом.

„Одделот не ги исполни своите високи стандарди, ниту пак вашите“, додаде таа.

Питман рече дека голем дел од полицајците кои биле на должност на 6 јануари денес страдаат од посттрауматско стресно нарушување.

Во упадот на приврзаниците на Трамп кои сакаа да ја запрат, но само на неколку часа ја одложија потврдата на победата на Џо Бајден, загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.

Шефицата на полицијата рече дека немирите се индиректно поврзани со смртта на уште еден полицаец.

Поранешните началници на конгресната полиција, во меѓувреме, поднесоа оставка и неколку недели по нападот и во пресрет на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, повеќе од 20.000 припадници на Националната гарда беа испратени во центарот на Вашингтон. Околу 5.000 од нив ќе останат во главниот град на САД до средината на март.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана

Со речиси 500.000 загинати војната во Украина е најлошото крвопролевање во Европа од 1945 година

Европската комисија побара од Украина да ја забрза поправката на нафтоводот „Дружба“