Утрински Весник
Економија

ММФ со новата проекција предвидува годинава пад од 4 отсто на БДП, но следната раст од седум отсто

ММФ: Економскиот раст ќе забрза во 2020 година

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Најновата проекција на Меѓунродниот монетарен фонд е дека македонската економија годинава ќе има пад од четири проценти, но за следната предвидува раст од седум отсто.

Во извештајот објавен вчера, ММФ наведува дека Владата брзо одговори со целни мерки и со привремена фискална поддршка за да се амортизира социјалниот и економскиот удар од кризата и да се заштити ликвидноста на компаниите, да се зачуваат работните места и да се помогне на невработените и најранливите категории граѓани, додека Народната банка ја намали основната каматна стапка и направи измени во регулативата за да овозможи на комерцијалните банки да го реструктуираат долгот на компаниите и граѓаните.

-Владата останува цврсто посветена на заштита на стабилноста на монетарниот и финансискиот сектор и презема соодветни мерки што би биле неопходни, наведуваат од ММФ и додаваат дека Владата изрази силна заложба штом ќе заврши кризата од Ковид 19 да спроведе структурна реформска агенда за опоравување од кризата.

.ММФ, како што стои во извештајот, останува подготвен да ја поддржува Северна Македонија во борбата со пандемијата и опоравување на економијата.

Се додава дека земјава побарала од ММФ 176 милиони евра и дека ММФ оценува дека земјата е во можност и има капцитет да го сервисира долгот.

За јавниот долг на државата наведувадека останува одржлив но оти има зголемени ризици.

Во најновиот извештај  ММФ предвидува пад на сите економии во регионот. Во Црна Гора и Хрватска од девет отсто, Албанија, БиХ и Косово од пет отсто, Бугарија четири и Србија три отсто.

За 2021 година проекциите за земјите од регионот се дека растот на БДП ќе се движи од 3,5 до осум отсто.

ММФ предвидува највисок раст следната година од осум отсто да имаалбанската еконоија, потоа Србија иКосово со 7,5, следи нашата економија со седум отсто, Црна Гора со 6,5 отсто, Бугарија со шест, Хрватска со 4,9 отсто и Босна и Херцеговина со 3,5 отсто.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија