Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ММФ му испратил 350 милиони долари на Мјанмар неколку дена пред воениот удар

ММФ му испратил 350 милиони долари на Мјанмар неколку дена пред воениот удар
Img 7972

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) минатата недела испратил 350 милиони долари во готово до владата на Мјанмар како дел од пакетот за итна помош за да ѝ помогне на земјата да се справи со пандемијата на Ковид-19, изјави за Ројтерс портпаролот на ММФ.

Парите биле испратени неколку дена пред државната советничка на Мјанмар, Аунг Сан Су Кји, и други високи личности од владејачката Национална лига за демократија да бидат уапсени во рација во раните утрински часови во понеделникот во главниот град Најпитава.

Ројтерс цитираше неименувани извори дека ММФ ме може да стори многу за да ги врати средствата за итна помош.

ММФ претходно изрази надеж дека парите ќе му помогнат на Мјанмар да ги подмири итните потреби кои произлегуваат од пандемијата со Ковид-19, особено мерките за да се обезбеди макроекономска и финансиска стабилност, истовремено поддржувајќи ги погодените сектори и ранливите групи.

Портпарол на ММФ посочи дека тие внимателно го следат развојот на настаните во Мјанмар и дека се длабоко загрижени за влијанието на настаните врз економијата и„врз луѓето на оваа нација.

Забелешките доаѓаат во момент кога војската на земјата објави формирање Државен административен совет со кој ќе раководи генералот Мин Аунг Хлаинг, пишува „Мјанмар тајмс“.

Весникот пишува дека Советот е создаден во согласност со Дел 419 од Уставот од 2008 година, кој предвидува врховен командант на Одбранбените служби, на кого му е пренесена суверена моќ, да има право да ги извршува овластувањата на законодавен дом, извршна и судска власт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа